Дома Топ вести Челзи руши трансфер рекорд за миленикот на Сари

Челзи руши трансфер рекорд за миленикот на Сари

Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње е на радарот на премиерлигашите Челзи и Ливерпул, пренесуваат италијанските медиуми.

Она што го прави потенцијалниот трансфер на Инсење на Островот многу веројатен е промената на агентот, па сега за италијанскиот репрезентативец се грижи контровернзиот Мино Раиола.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Меѓутоа, Наполи не сака лесно да се откаже од својата ѕвезда и има намера во новиот договор да стави астрономска откупна клаузула од 200 милиони евра.

Поради тоа, доколу Сари сака повторно да соработува со својот сонародник, „сините“ ќе мора добро да го одврзат паричникот.

Инсиње продолжува со одличните партии и оваа сезона, па на седум одиграни меча постигна пет гола.

Меѓутоа, Сари смета дека тој би бил идеално засилување за неговиот Челзи и инсистира раководството да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…