Дома Топ вести Челзи прави „бум“: Спреми 80 милиони за Хаверц

Челзи прави „бум“: Спреми 80 милиони за Хаверц

Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.

Денес „сините“ го официјализираа трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг за 52 милиони фунти, но не мислат тука да застанат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англиките медиуми тврдат дека Челзи ќе се обиде да донесе уште една ѕвезда од Бундеслигата, а станува збор за Каи Хаверц од Баер Левекузен.

20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. „Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте. 

Хаверц во моментов се проценува на 85 милиони евра, а Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата.

„Сините“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и во наредните денови ќе испратат понуда од 80 милиони фунти за потписот на Хаверц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…