Дома Фудбал Англија Челзи објави рекордни загуби, а причина се санкциите кон Абрамович

Челзи објави рекордни загуби, а причина се санкциите кон Абрамович

Во изминатата финансиска година тимот на Челзи остварил загуба од 121.3 милиоини фунти, а како што објаснија од таборот на „сините“, тоа најмногу била така поради санкциите кон поранешниот сопственик Роман Абрамович.

Роман Абрамович го стави клубот на продажба на почетокот на март по почетокот на конфликтот во Украина кога му беа воведени санкции, а сето тоа заедно ја искомплицира продажбата на клубот кој исто така беше под санкции.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Челзи не можеше да продава билети за натпревари, претрпе големи загуби и на други страни бидејќи сите клупски работи беа условени со правилата на Владата.

„Во овој период клубот беше ограничен во многу сфери на бизнисот – не можевме да продаваме билети, сувенири, не можевме да потпишуваме договори со играчи, со спонзори… и сето тоа доведе до големи загуби“, велат од клубот.

„Покрај тоа, сето ова се очекува да влијае на финансиската состојба на клубот во наредните години поради долгорочното влијание што овие ограничувања го имаа на различни договори“, се додава во соопштението.

Една од позитивните работи е зголемувањето на приходите од 434,9 на 481,3 милиони фунти, што е остварено благодарение на враќањето на навивачите на трибините по пандемијата на коронавирус. Исто така, комерцијалната заработка порасна на 177,1 милиони фунти по продолжувањето на некои спонзорски договори, но и склучувањето на неколку нови.

„Сето ова заедно доведе до рекордна загуба од 121,3 милиони фунти“, се заклучува во анализата на Челзи за финансиската година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…