Екипата на Челзи успеа да слави над Барнли на гости, додека Саутемптон е се поблиску до Чемпионшип.
На 100. меч за Антонио Конте во Челзи, „Плавите“ успеаа да слават над Барнли со 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Подобри беа избраниците на Конте од самиот старт, создаваа шанса, а до гол стигнаа во 20. минута, Мозес мина по десната страна, упати центаршут, а Лонг на своја несреќа ја пренасочи топката во мрежа.
Поуп одбрани еден удар, Морати во 33. минута, а токму Мората имаше голема шанса во 59. минута кога излезе еден на еден со голманот на Барнли. Шутираше покрај голот, а го имаше Жиру на другата страна.
Казната стигна брзи, Барс постигнува гол, а Гудмундсон претходно шутираше кон голот на Челзи.
Но нерешено беше само пет минути, во 69. минута Виктор Мозес успеа да постигне гол и да го реши прашањето за победникот.
Во рамки на дуелот пак, помеѓу Лестер и Саутемптон победник немаше, а ниту погодоци.