Челзи веќе скоро и да не е во трката за титулата во Премиер лигата, тимот не знае за победа на последните четири натпревари во првенството и до крајот на сезоната веројатно главната цел ќе биде „сините“ да изборат пласман во топ 4.
Сопственикот на Челзи Роман Абрамович секако не е среќен поради резултатите на екипата и сака да вложи пари во нови засилувања. Медиумите шпекулираат дека негова желба се тројца фудбалери на Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прв на листата на Абрамович е талентираниот Френки Де Јонг за кого Челзи би требало да плати околу 60 милиони евра. Потоа следи талентираниот Гави кој во својот договор има откупна клазула од 50 милиони евра.
Трет на листата е Сержињо Дест кој можеби е и најлесна мета затоа што не се вклопи во плановите на Чави. Неговата цена би требало да биде околу 20 милиони евра. Абрамович „игра на картата“ на финансиските проблеми во Барселона, па се надева дека ќе може да дојде до своите желби.