Дома Трансфер зона Челзи купува голман од Турција!

Челзи купува голман од Турција!

Голманот на Галатасарај, Фернандо Муслера се наоѓа на мета на Челзи, кој во него гледа идеална замена за Асмир Беговиќ, пренесуваат англиските медиуми.

Асмир Беговиќ на лето сигурно ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Бурнмаут, поради што „сините“ се приморани да бараат резервен голман.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


После неуспешните обиди да го донесат Крег Гордон од Селтик и Диего Лопез, сега раководството се насочи кон 30-годишниот Уругваец, Фернандо Муслера.

Муслера влегува во последната година од договорот со Галатасарај и сака да ја промени средината, па „сините“ не би требало да имаат проблем при реализација на овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…