Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана.
„Сините“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, па откако ја загубија битката за Жил Кунде, сега се насочуваат кон Фофана.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Медиумите пренесуваат дека прв на листата жеби е дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана. Французинот во првата сезона беше еден од најдобрите во Премиер лигата, но минатата пропушти поголем дел од поради повреда.
Лестер нема лесно да се откаже од дефанзивецот за кого плати 35 милиони евра и за неговата слобода бара 80 милиони евра.
Челзи испратил прва понуда од 60 милиони евра плус бонуси, па преговорите се во напредна фаза.