Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ минатото лето се пресели во Челзи од редовите на Борусија Дортмунд.
Овој 21 годишен фудбалер се покажа како добро засилување и од него Френк Лампард очекува многу и во новата сезона. Пулишиќ пред почетокот на Премиер лигата одлучи да го промени бројот на дресот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во првата сезона Aмериканецот го носеше дресот со број 22, но сега одлучи да го промени бројот пред почетокот на новата сезона.
Имено, откако Вилијан премина во Арсенал „десетката“ остана слободна, па Пулишиќ го искористи тоа.
Christian Pulisic is Chelsea's new No. 10 ? pic.twitter.com/ATy5IdYdj1
— ESPN FC (@ESPNFC) September 9, 2020