Дома Трансфер зона Челзи има договор со Лидс, но Рафиња сака во друг клуб?

Челзи има договор со Лидс, но Рафиња сака во друг клуб?

Главна тема овие денови е можниот трансфер на Бразилецот Рафиња од Лидс во Челси, а веќе е договорен трансферот меѓу екипите, но фудбалерот не сака да потпише за поранешниот шампион затоа што во памет му е друг клуб.

Челси му нуди одлични услови на Рафиња, но Бразилецот чека неговиот агент Деко да се договори со Барселона, затоа што тоа е негов омилен клуб и сонувал уште од дете да заигра за него.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа, проблем е тоа што Барселона нуди 50 милиони евра плус 10 милиони во бонуси, а тоа Лидс не го прифаќа, додека Челси си понуди 60 милиони евра кои ќе бидат исплатени веднаш.

Трансферот на Рафиња полека станува сапуница со оглед на тоа дека деновите изминуваат, а доколку Бразилецот продолжи да ги игнорира повиците од Лондон би можел да остане без голем договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…