Дома Фудбал Англија Челзи излезе со официјално соопштение после шокантните вести

Челзи излезе со официјално соопштение после шокантните вести

Челзи офијави дека ќе бара промена на лиценцата под која што ќе мора да работи за време на санкциите на сопственикот Роман Абрамович.

Порано денес британските власти го „замрзнаа“ целиот имот на Абрамович, а клубот ќе може да работи под специјални услови. Не смее да прави трансфери, да продолжува договори на фудбалери, а „замрзната“ е и продажбата на клубот.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Во наредниот период ќе имаме разговор со адвокатите и да дискутираме за специјалната лиценца. Ќе бараме начин за клубот да продолжи да работи што е можно најнормално. Ќе побараме и насоки за промена на лиценцата врз хуманитарната работа на Челзи. Дополнителни детали ќе изнесеме во подобен момент“, соопштија од Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најстариот син на Зинедин Зидан го напушта фудбалот на 29 години?

Најстариот син на славниот Зинедин Зидан, Енцо одлучил да го напушти фудбалот на само 29-г…