Барселона во летниот преоден рок сакаше да го донесе Вилијан во своите редови, но Челзи одби да го продаде и покрај богатите понуди.
Интересот на Каталонците за Бразилецот се уште трае, па сега од „Камп Ноу“ испратија нова понуда за 30-годишниот крилен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Британски „Дејли Мејл“ тврди дека Барса е спремна да понуди 55 милиони евра плус услугите на Малком.
Меѓутоа, На раководството на Челзи не му требаше многу време да ја разгледа и одбие понудата на Барселона.
И покрај фактот што Вилијан има 30 години и само уште 18 месеци од договорот со „сините“, Челзи експресно ја одби понудата.
Chelsea have rejected Barcelona's offer to swap Willian for Malcom plus cash. (Source: Telegraph Sport) pic.twitter.com/HJYqm5mM4g
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 11, 2019