Дома Трансфер зона Челзи доведе француски репрезентативец за 45 милиони евра

Челзи доведе француски репрезентативец за 45 милиони евра

ФРАНЦУСКИОТ репрезентативен дефанзивец Аксел Дисаси (25) е нов играч на Челзи.

Тој потпиша договор до летото 2029 година, објави лондонскиот премиерлигаш. Дисаси доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ од Монако, за кого настапува од 2020.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Според извор запознаен со деталите од овој трансфер, Челзи на Монако ќе му плати 45 милиони евра обештетување, пренесе АФП.

Дисаси има четири настапи за француската репрезентација со која стигна до финалето на СП 2022 во Катар.

Централниот дефанзивец на тој начин ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Монако, Беноа Бадијашиле, кој во јануарскиот преоден рок пристигна во Челзи.

Дисаси најпрвин го привлече вниманието во дресот на Ремс, за кој настапуваше од 2016 година до трансферот во Монако во 2020 година.

Со Ремс беше освојувач на втората француска лига во 2018 година, а неговото искачување како играч продолжи во Монако, oд чиј дрес стигна до француската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…