Дома Топ вести Челзи го сака Кутињо, Барса нуди трампа со Канте

Челзи го сака Кутињо, Барса нуди трампа со Канте

Филипе Кутињо ова лето би можел да се врати во Премиер лигата, но не во дресот на Ливерпул, туку во Челзи кој веќе започна преговори со Барселона.

Кутињо оваа сезона игра на позајмица во Баерн Минхен, па откако стана јасно дека Баварците нема да го откупат на крајот на сезоната, Челзи започна преговори со Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според каталонски „Спорт“, менаџерот на Кутињо и Челзи се во директни преговри за личните услови на Бразилецот, Барселона дала согласност, клубот од Шпанија е во комуникација со клубот од Лондон.

Барселона го проценува Кутињо на 90 милиони евра, но последните информации се дека му понудиле трампа на Челзи, така што за возврат да го добијат потписот на Нголо Канте.

Челзи е спремен да го продаде Канте ова лето и го проценува на 70 милиони евра, па двата клуба лесно можат да се договорат околу трампата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…