Дома Топ вести Челзи го нуди Кепа плус пари за Облак

Челзи го нуди Кепа плус пари за Облак

Челзи е во потрага по нов голман и најголема желба е чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак.

Словенецот важи за еден од најдобрите голмани во светот и има договор со Атлетико до 2023 година и откупна клаузула од 120 милиони евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Челзи секако не е спремен да ја плати таа сума, па сака да го искористи Кепа како дел од трансферот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека „сините“ се спремни да понудат 40 милиони фунти, плус потписот на Кепа, кој на „Стенфорд Бриџ“ пристигна за 80 милиони евра.

Лампард не е задоволен од Кепа и бара негова замена, па ова сценарио би било идеално за „сините“, но Атлетико тешко дека ќе ја прифати ваквата понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…