Дома Топ вести Челзи го договори првото големо засилување за следната сезона!

Челзи го договори првото големо засилување за следната сезона!

Челзи игра одлично оваа сезона и сигурно следната сезона ќе се врати во Лигата на шампиони, а планот на Антонио Конте е на сегашниот тим да додаде три-четири големи засиливања.

Медиумите тврдат дека Абрамович е спремен да му ги исполни желбите на Конте и дека „сините“ веќе го договориле првото големо засилување за следната сезона.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Станува збор за Артуро Видал кој не е задоволен во Баерн Минхен и сака повторно да соработува со Антонио Конте. Наводно договорот е веќе постигнат и Чилеанецот следното лето ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“ за 60 милиони евра.

Другата трансфер мета е напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората кој не добива голема минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.

Конте сака да има двајца врвни напаѓачи во составот и смета дека Мората би бил идеален партнер на Диего Коста, а „сините“ за неговиот потпис се спремни да платат 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја сака ѕвездата на Спортинг Лисабон

Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, е голема желба на гигантите од Премиер лига…