Дома Фудбал Англија Челзи го „блиндираше“ Палмер со нов договор

Челзи го „блиндираше“ Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блесна минатата сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдобрите играчи во Премиер лигата.

Палмер пристигна минатото лето од Манчестер Сити, но набрзо стана лидер во тимот и најдобар поединец во Челзи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа раководството на „сините“ сакаше да го награди со нов договор и му понуди двојно повисока плата.

Денес Палмер официјално стави потпис на новиот договор и се обврза на верност со Челзи до 2033 година.

22-годишниот фудбалер минатата сезона одигра 45 натпревари за Челзи во сите натпреварувања, а успеа да постигне дури 25 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА на познат клуб му забрани трансфери на играчи до следната година

Бразилците сега најавуваат дека ќе се обидат што побрзо да постигнат договор со Американци…