Дома Фудбал Лига на шампиони Челзи беше на чекор од чудо, но Бензема повторно одлучи🎥

Челзи беше на чекор од чудо, но Бензема повторно одлучи🎥

Реал Мадрид и Челзи одиграа фантастичен натпревар, а „кралевите“ после продолженија успеаа да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Челзи од самиот старт тргна фуриозно и дојде во водство во 14-та минута со голот на Маунт. „Сините“ играа со висок интензитет, создаваа многу шанси, а во 50та минута Рудгер после еден корнер погоди за 0:2.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Вернер во 75-та минута одлично ја измеша одбраната на Реал и зголеми на 0:3, резултат кој во тој момент го носеше Челзи во полуфиналето.

На десетина минти до крајот следуваше магична асистенција на Модриќ до Родриго, кој ги постави конечните 1:3 и го однесе мечот во продолженија.

На крај човек на одлука беше повторно Карим Бензема, кој во првото продолжение постигна гол на асистенција на Винисиус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Гигантите во битка за Хрватот кој блескаше и вчера – никој нема да го добие за помалку од 60 милиони евра!

Младиот дефанзивец моментално игра на позајмица од Тотенхем, кои го купија од Хајдук за 11…