Дома Фудбал Англија Челзи – Астон Вила: Лампард нема право на кикс

Челзи – Астон Вила: Лампард нема право на кикс

Челзи е домаќин на Астон Вила во понеделничката понуда во Премиер Лигата од Божиќниот период. Лампард и неговиот тим влегоа во една лоша серија од која излезот ќе го бараат токму на овој меч, но од друга страна ситуацијата кај Вила е одлична и тие се надеваат на бодови на Стенфорд Бриџ за прв пат по далечната 2011 година.

Челзи е очаен во најнезгоден период

Челси се наоѓа во тежок период и тоа во најнезгодно време за екипата. Низ историјата за време на Боксинг деј и Божиќниот распоред се одлучувале и решавале титули, излез во Европа и борба за опстанок и овој период е важен за амбициите на сите екипи. Но Челзи во овој период е очаен. Лампард сега ќе има за цел да се врати по неочекуваниот пораз во дербито од Арсенал и тоа против Астон Вила на „Стемфорд Бриџ“.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Свеж од победата од 3:0 над локалниот ривал Вест Хем Јунајтед, Челзи се очекуваше да го прегази катастрофалниот Арсенал. Артета играше со еден крајно неочекуван состав, со целосно комбиниран тим но славеше со 3:1.

Поразот во Северен Лондон претставува трет пораз на Челси во последните четири натпревари по претходните порази на гостувањата кај Евертон и Вулверхемптон.

Лестер и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 2:2 пред Челзи да излезе на теренот на „Емирати“ стадионот, но избраниците на Френк Лампард ја пропуштија шансата да ги прескокнат своите противници и да се најдат на третото место на табелата, па сега ќе бидат очајни да освојат три бода против незгодната Астон Вила.

Вила игра нас дите очекувања сезонава

Спротивно на Челзи, Вила се упатува кон „Стемфорд Бриџ“ по убедливата победа од 3:0 над Кристал Палас и тоа не каква било победа – тимот на Дин Смит ги одигра вторите 45 минути со 10 фудбалери на Боксинг Деј, а даде два гола во второто полувреме.

Астон Вила влезе во мечот со Кристал Палас, откако го победи Вест Бромвич Албион со 0:3, а тимот на Дин Смит сега има серија од три победи и едно реми на последните три натпревари.

Таа победа во последното коло, привремено ги смести на седмата позиција на табелата со ист број на бодови како и Челзи, но Вила има подобра гол разлика.

Традицијата ни носи интересни информации

Кога се во прашање меѓусебните дуели на овие две екипи и нивната традиција, има неколку интересни работи кои привлекуваат особено внимание пред овој меч. Челзи ја пречекува Вила со надеж дека ќе ја забележи седмата последователна победа над екипата на Вила. Во таа серија Челзи дал 15 гола или нешто помалку од три по натпревар, а Астон Вила дала само три гола. Уште поинтересно е тоа што менаџерот на Челзи, Лампард е најдобар стрелец во меѓусебните дуели на овие две екипи во историјата со 14 погодоци зад своето име, а последната победа на Вила на Стемфорд Бриџ беше токму на Боксинг деј во 2011 година.

Наш предлог:

Победа на Челзи @ 1.73 во 1хBet

Двете екипи да постигнат гол @ 1.60 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ужасна трагедија го потресе регионот: До смрт избоден млад фудбалер!

Aлбанија е погодена од голема трагедија во која младиот 14-годишен фудбалер Мартн Цани поч…