Дома Фудбал Италија Чалханоглу не е задоволен од понудата на Милан, Малдини спрема нова понуда

Чалханоглу не е задоволен од понудата на Милан, Малдини спрема нова понуда

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Хакан Чалханоглу.

Тренерот Пиоли му ја најде вистинската позиција на теренот, па Чалханоглу конечно го покажа својот потенцијал.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Неговиот договор со Милан истекува следното лето, но „росонерите“ сакаат да го задржат по секоја цена, и започнаа преговори со неговиот агент.

Малдини веќе имал средба со агентот на турскиот репрезентативец и му понудил нов тригодишен договор тежок 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси, но проблем е што Чалханоглу бара најмалку 5 милиони евра по сезона.

Двете страни ги продолжуваат преговорите со цел да најдат заеднички јазик, а Манчестер Јунајтед и Интер внимателно ја следат ситуацијата бидејќи се заинтересирани за турскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Додека во Лондон размислуваат, Тер Штеген договара трансфер кој ги изненади сите

Искусниот 33-годишен голман Марк-Андре Тер Штеген ја носеше капитенската лента на Барселон…