Хакан Чалханоглу ова лето од Милан се пресели во Интер како слободен агент, а сега ја откри и причината.
„Сите во Интер се многу добри со мене. За време на Европското првенство Инзаги ми звонеше по 3-4 пати на ден за да дојдам во Интер. Раководството исто така ми се јавуваа и ме убедуваа дека треба да потпишам за Интер“, изјави Чалханоглу.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во Милан поминав прекрасни 4 години и ги почитувам сите во тој клуб каде се уште имам пријатели. Јас само сакав нов предизвик и ја прифатив понудата од Интер. Среќен сум што играм за Интер и сакам да освојам многу трофеи со овој клуб“, додаде турскиот репрезентативец.