Дома Топ вести Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не може со сигурност да се каже каков е статусот на Чави. Клубот до неодамна го убедуваше да остане, Чави прифати, меѓутоа по натпреварот со Алмерија настана проблем.

Шпанските медиуми пишуваа дека во клубот работите се промениле поради изјавата на шпанскиот стратег за финансиската состојба по тој натпревар. Дека навистина сега неговата иднина не е решена потврди и Чави кој најави дека за брзо ќе разговара со раководството и претседателот Лапорта.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Кога ќе има новсоти ќе ги споделам со вас. Засега не знам ништо ново. Очекувам да разговараме во најскоро време“, изјави Чави.

Утрово пристигнаа и информации дека Чави и Лапорта требало да разговараат по вчерашниот натпревар против Рајо, но тој состанок се одложил затоа што на претседателот му се слошило, па бил пренесен во болница. (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Првиот човек на ФФМ стана член на една од најважните комисии во УЕФА!

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, доби ново високо при…