Дома Фудбал Чави: Меси може да игра уште 5-7 години!

Чави: Меси може да игра уште 5-7 години!

Легендата на Барселона и тренер на Ал Сад, Чави Хернандес имаше интересен разговор со својот поранешен соиграч и пријател Ето.

Поранешниот плејмејкер во разговорот потврди дека имал преговори со Барселона во јануари, но одбил да се врати како тренер.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Во јануари не беше вистински момент. Разговарав со Абидал и добив добра понуда од Барса, но не беше вистински момент. Имам потреба од повеќе искуство, сепак клупата на Барса останува сон за мене“, истакна Чави.

Ето му препорача на Чави да се врати на „Камп Ноу“ пред Лео Меси да се пензионира.

„На Меси му остануваат уште 5-7 убави фудбалски години. Тој се пази и внимава и може да игра многу долго. Може да игра до 38, 39 години. Со сигурност ќе игра на Светското првенство во Катар“, сигурен е Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Зидан дочека, познато каде и кога ќе биде неговиот нов ангажман!

Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на националниот тим на Франција по Светското првенст…