Дома Фудбал Запретија со убиство на судијата од Интер – Јуве, полицијата се активира

Запретија со убиство на судијата од Интер – Јуве, полицијата се активира

Полицијата започна истрага за упатените закани за смрт и навреди кон судијата Федерико Ла Пена, кој ја водеше изминатата дерби меѓу Интер и Јувентус минатиот викенд. АНСА прецизира дека пријавата била поднесена од самиот судија.

Закани како “Ќе те застреламе” и “Знаеме каде живееш” се појавиле на социјалните мрежи, поради што арбитерот се обратил до полицијата во Рим, од каде што е родно место и живее со своето семејство.

Се претпоставува дека тоа се дела на навивачи на Јувентус, незадоволни од одлуките на Ла Пена и конкретно отстранувањето од игра на фудбалерот Пиер Калјулу.

Судијата и членовите на неговото семејство биле советувани да останат дома од безбедносни причини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …