Дома Фудбал Чави: Критиките од Марадона за Меси не се фер, тој и понатаму ќе напредува

Чави: Критиките од Марадона за Меси не се фер, тој и понатаму ќе напредува

Поранешниот фудбалер на Барселона, Чави Ернандез е импресиониран од настапите на својот поранешен соиграч Лионел Меси.

Чави повеќе од десет години играше заедно со Меси во Барселона, верува дека се уште не сме го виделе најдобро издание.

Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


„Меси и понатаму напредува, развива нови квалитети и покажува нови способности. Тој е друга планета, имаме среќа што го гледаме секоја недела во Барселона каде што игра веќе 14 години и се надеваме дека тоа ќе потрае“.

„Верувам дека ќе се врати во репрезентацијата на Аргентина, бидејќи го познавам и секогаш сака да се натпреварува и кога ќе има време да размисли сигурен сум дека ќе се врати“, изјави Чави.

Потоа Чави зборуваше и за критиките на Марадона упатени кон Меси.

„Критиките на Марадона не беа фер, фудбалот многу се промени во однос на неговото време“, истакна Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eди Хау има големи планови: Њукасл може да добие засилување од Реал Мадрид!

Њукасл е во потрага по нов голман ова лето и нивна прва цел беше резервниот чувар на мрежа…