Дома Топ вести Чави: Знам како се освојуваат трофеи, доаѓам да го пренесам моето искуство

Чави: Знам како се освојуваат трофеи, доаѓам да го пренесам моето искуство

Денес Барселона го претстави Чави пред медиумите како нов тренер.

Долгогодишниот капитен на Барселона се врати од Катар и го прифати тешкиот предизвик да ја води Барселона во овој момент кога многу работи не се како што треба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Подготвен сум, целиот мој живот сум сакал предизвици и ова сигурно дека е еден голем предизвик за мене и ќе се обидам да одговорам максимално. Благодарен сум на навивачите за поддршката која ми ја даваат овие денови. Се надевам дека можам да возвратам на вистински начин и заедно ќе победуваме. Не чека долг процес, меѓутоа очекувам набрзо да покажеме први знаци на напредок“.

Бускетс, Пике, Алба, Тер Штеген и Серхи Роберто беа негови соиграчи во Барселона.

„За мене тоа ќе биде предност, затоа што ги познавам. Сепак и тие знаат дека нема да има попуст за никого, без разлика дали и колку сум бил близок со некого во минатото. Верувам во потенцијалнот кој го има овој тим, доаѓам да го пренесам моето искуство затоа што знам како се освојуваат трофеи“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…