Дома Фудбал Чави: Дембеле или да потпише, или да си бара нов клуб

Чави: Дембеле или да потпише, или да си бара нов клуб

Тренерот на Барселона, Чави Ернандес го загуби трпението околу Осман Дембеле и изјави дека Французинот треба или да потпише нов договор или да си најде нов клуб.

Договорот на Дембеле истекува на крајот на сезоната и тој до сега ги одби сите понуди од Барселона за нов договор.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Јас се прашувам зошто Дембеле ми вели дека сака да остане, а не потпишува. Не сакам да покажам непочитување кон него. Треба или да потпише, или да му најдеме нов клуб. Тој ми кажа дека сака да остане, па треба него да го прашате“, изјави Чави.

„Ова е многу комплицирана ситуација и треба да се направи конечен избор. Играчот треба да мисли и за клубот. Јас повеќе нема да зборувам за оваа тема и случајот треба да биде затворен што побрзо“, додаде Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…