Дома Топ вести Чави: Барса ќе биде мојот најголем предизвик, ние сме најдобриот клуб во светот и мора да победуваме!

Чави: Барса ќе биде мојот најголем предизвик, ние сме најдобриот клуб во светот и мора да победуваме!

Веќе и официјално е потврдено дека Чави Хернандез ќе биде новиот тренер на Барселона.

Чави вчера се збогуваше со раководството и играчите на катарскиот клуб, а во понеделник се очекува да биде и претставен пред медиумите. Дебито ќе го има после репрезентативната пауза.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Легендата на Барселона сега испрати порака до фудбалерите.

„Ние сме Барса, најдобриот клуб во свеотт и треба да победуваме, нерешно и пораз нема да бидат опција. Затоа ќе работиме максимално, целите се јасни. Влегувам позитивно во оваа работа и верувам дека ќе успееме“.

„Ова е најголемиот предизвик во мојата кариера, се враќам дома во Барса и многу сум среќен. Возбуден сум што се враќам. Како играч вои Барса не сум бил само во најдобрите периоди, сум поминал и лоши времиња“, изјави Чави.

Бускетс, Пике, Серхи Роберто, Алба и Тер Штеген се актуелните играчи на Барса кои беа соиграчи со Чави.

„На тоа гледам како предност, ги познавам добро и знам како тренираат и знам дека се тимски капитени“, истакна легендата на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Случајот „Јамал“ ја потресе Шпанија, Барселона загрижена за неговото однесување, Лапорта презеде мерки

Ламин Јамал е на сите насловни страници на шпанските медиуми по неделното „Ел класико“. Шп…