Барселона е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да го замени Серхио Бускетс, пренесуваат каталонските медиуми.
Чави и раководството направиле список од три имиња и тоа, Мартин Субименди од Сосиедад, Рубен Невеш од Вулверхемптон и Чуамени од Монако.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бускетс е на залез на кариера и може да ја напушти Барселона, па приоритет на клубот ова лето ќе биде да доведе фудбалер со негови карактеристики.
Прва желба е Субименди, но проблемот е што 23-годишниот Шпанец има договор со Сосиедад до 2025 година, а неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра.
Чуамени исто така е скапа опција, неговата цена изнесува 60 милиони евра, но конкуренцијата за неговиот потпис е огромна.
Најизгледна варијанта е Рубен Невеш кој сигурно ќе го напушти Вулверхемптон ова лето, а неговата цена е 40 милиони евра.