Јирген Клоп ги минува последните месеци на клупата на Ливерпул, а се погласни се најавите дека негов наследник ќе биде Чаби Алонсо.
Шпанецот прави чуда на клупата на Баер Леверкузен и од првиот момент кога Клоп објави дека ќе си замине на крајот од сезоната Алонсо е прв пик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека Чаби Алонсо има најголеми шанси да го наследи Клоп потврдува и новинарот на „Атлетик“, Германецот, Рафел Хонигштајн.
„Во Леверкузен е реални и разбираат дека ако Алонсо сака да ја искористи приликата нема да можат да го запрат. Мислам дека имаат многу искрен однос и лично верувам дека управата нема да стои на патот кога ќе пристигне понуда од Ливерпул.
Исто така Мислам дека Чаби Алонсо ќе биде луд ако ја одбие шансата да го преземе Ливерпул, таква прилика се укажува еднаш во животот“, изјави Хонигштајн.