Дома Фудбал Англија Чаби Алонсо откри како му пропаднал трасферот во Јувентус!

Чаби Алонсо откри како му пропаднал трасферот во Јувентус!

Чаби Алонсо ја игра својата последна сезона во дресот на Баерн Минхен и ќе стави крај на богатата кариера.

Шпанскиот играч за врска во кариерата играше уште за Реал Сосиедад, Ливерпул и Реал Мадрид, но открива дека во 2008 година бил многу блиску до трансфер во Јувентус или Арсенал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Бев навистина блиску да потпишам со Јувентус или Арсенал. Во прашање беше разлика од три милиони фунти. Ливерпул бараше 18 милиони, а овие два клуба нудеа по 15 милиони фунти и поради тоа и не дојде до трансфер. На крајот мојата кариера продолжи во Реал Мадрид“, изјави Алонсо.

Чаби Алонсо сепак не беше продаден тоа лето, но 12 месеци подоцна се пресели во Реал Мадрид во трансфер вреден околу 30 милиони фунти. Тој остана пет сезони на „Сантиаго Бернабеу“ каде ја освои Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов проблем за Анчелоти: Се повреди и Винисиус, познато колку ќе паузира

Реал Мадрид не е толку далеку од Барселона на врвот во Ла Лига и „кралевите“ имаат четири …