Дома Останати Тенис Црногорка на Австралија Опен ја елиминираше шампионката од УС Опен!

Црногорка на Австралија Опен ја елиминираше шампионката од УС Опен!

Црногорката Данка Ковниќ го направи најголемото изненадување досега на Австралија Опен откако ја елиминираше шампионката на УС Опен Ема Радукану во второто коло.

Ковниќ успеа да слави против британската тенисерка со 6:5, 4:6 и 6:3 и така го оствари својот најголем успех во кариерата. Досега Ковниќ никогаш не успеала да го помине второто коло на еден гренслем турнир и во овој момент е 98-ма тенисерка на ВТА листата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мечот не започна со најава изненадување затоа што Радукану експресно поведе со 3:0, но тука застана. Се жалеше на плик на раката со која сервира, па Ковниќ тоа знаеше да го искористи и да го сврти мечот во своја корист.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Новак не е недопирлив: Синер продолжува да доминира на мастерсите и го урна рекордот на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафинале на турнирот во Мајами, отка…