Најголемата сензација во англискиот Лига Куп оваа сезона е екипата на Бристол кој вечерва обезбеди пласман во полуфиналето, додека Челзи се намачи против Борнамут.
Сепак во полуфиналето од Лига Купот нема да го имаме великанскиот квартет.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Челзи на „Стемфорд Бриџ“ во судиското дополнување, го сруши отпорот на Борнмаут благодарение на голот на Мората и славеше со 2:1.
Што се однесува до мечот во Бристол, „Ѓаволите“ добија едно предупредување кое на крајот не се покажа како поука. Со оглед на тоа дека први до водство дојдоа домаќините, а Ибрахимовиќ се намачи да израмни, на крајот екипата на Жозе Мурињо ја наведна главата. Одлучуваќкиот погодок го постигна Смит во 93. минута за голема радост на англискиот второлигаш.