Дома Фудбал Останато Црвена Звезда ќе го повлече дресот со број 11 во чест на Драган Џајиќ

Црвена Звезда ќе го повлече дресот со број 11 во чест на Драган Џајиќ

Фудбалскиот клуб Црвена звезда засекогаш ќе го повлече дресот со број „11“ во чест на легендата Драган Џајиќ.

Дресот ќе биде во употреба до крајот на оваа сезона, кога и официјално ќе биде повлечен од употреба.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Џајиќ е прогласен за трета ѕвезда на Црвена звезда. Тој беше член на најтрофејната генерација во историјата на Звезда, која за 12 години освои пет титули, четири купа и Купот Митропа.

Подоцна беше истакнат функционер, а беше и технички директор кога Црвена звезда стана европски и светски шампион во 1991 година. Подоцна беше претседател од 1998 до 2004 година и од 2012 до 2014 година, кога Црвена звезда по пауза од седум години ја врати домашната титула на „Маракана“.

Од следната сезона дресот со број 11 во Црвена звезда веќе никој нема да може да го носи. Бројот 12 е исто така повлечен во чест на навивачите, а бројот 26 поради прерано починатиот фудбалер Горан Гогиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Охрид: Ги повикуваме сите да ги објават доказите за нерегуларности!

Ситуацијата со тимот на Охрид продолжува да биде тема во јавноста, сега се огласија и охрѓ…