Дома Трансфер зона Црвена Звезда не запира: Продаде уште еден фудбалер за 10 милиони евра

Црвена Звезда не запира: Продаде уште еден фудбалер за 10 милиони евра

По трансферот на Коста Недељковиќ во Астон Вила за девет милиони евра, Црвена Звезда изгледа сега продава фудбалер за уште поголема сума.

Имено, Јован Мијатовиќ е пред потпис за Њујорк Сити од МЛС лигата, а од овој трансфер црно-белите би требало да добијат десет милиони евра, тврди српски „Телеграф“.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Мијатовиќ има 18 години и сезонава на 24 натпревари за Звезда постигна девет голови и додаде две асистенции. Се истакна и во натпреварите од Лигата на шампионите каде што доби шанса и го сврте вниманието на себе.

Треба да се каже и дека ова е најголемиот трансфер во историјата на Њујорк Сити. За разлика од Недељковиќ кој остана во наредните шест месеци како позајмен фудбалер на „Маракана“, Мијатовиќ веднаш се сели во Њујорк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…