23-годишниот голман на Манчестер Јунајтед, Матеј Ковар добил дозвола да си бара нов клуб, а се најавува и негов можен трансфер во Црвена Звезда.
Голманот од Чешка во Англија дојде во 2018 година од тимот на Словачко, мина низ академијата на Јунајтед, а потоа следуваа неколку позајмици. Последната сезона ја помина во Спарта Прага и се уште нема официјален настап за Јунајтед и на „Олд Трафорд“ се врати по 32 настапи за Спарта.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интерес за неговите услуги покажал Хал, меѓутоа се наведува дека Звезда може да биде поинтересна опција поради настапот во Лигата на шампионите. Звезда сезонава веќе доведе еден голман, Израелецот Омри Глејзер кој се покажа сосема солидно во првите натпревари.
Очекувањата се Ковар да биде негова замена, но не се исклучува можноста и нешто да се промени.