Oд поодамна некој документарец не привлекол внимание како „Последниот танц“ кој е посветен на кариерата на Мајкл Џордан.
Во осмата епизода од серијалот се прикажува како Чикаго Булс ја освојуваат четвртата НБА титула. Тоа се случи во повратничката сезона на Џордан после смртта на неговиот татко и бејзбол авантурата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Булсите во финалната серија беа подобри од Сител Суперсоник со 4:2. Победата ја остварија на 16. јуни, денот кој во САД се слави како „Ден на таткото“.
Во документарецот е прикажана срцепарателна сцена во која Џордан лежи на подот и ја гушка топката, меѓутоа звукот на снимката беше цензуриран. Неколку дена подоцна се појави и звукот од таа сцена.