Хулк пред неколку години беше едно од звучните имиња кои ја напуштија Европа и се преселија во Кина по милионите.
Напаѓачот таму стана еден од најплатените во светот и доби плата од 23 милиони евра. Тој потпиша четиригодишен договор од кој на крајот вкупно ќе инкасира околу 100 милиони евра. Договорот на Хулк со Шангај ШИПГ истекува на крајот од годината и нема намера да го продолжи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој отворено призна дека има понуди од клубови од Бразил и Европа и дека не сака повеќе да игра во Кина.
„Договорот ми завршува во декември и веќе одржав состанок со раководството. Ги известив дека нема да ја продолжам соработката. Добивам понуди од различни земји, од Бразил и од клубови од Европа кои играат во Лигата на шампионите. Тука се и клубови од Кина, но не сакам да играм повеќе тука. Анализирам и го молам Бог да ми помогне да го направам најдобриот избор. Парите не се приоритет, сакам во новиот клуб да бидам среќен и да имам минутажа“, изјави Хулк.