За пет дена ќе се одржи ждрепката за Светското првенство, а сега се одрени и шеширите. Oрганизаторите Данска и Хрватска ја извисија нашата селекција и не ја избраа при распределбата на групите.
Македонската јавност се надеваше дека Хрватска ќе не избере како една од репрезентациите кои ќе играат на нивно тло, сепак тоа не се случи. Тие се сместија себеси во групата Х во Загреб, а во овој град ќе игра и Словенија во групата Г. Австрија доби место во групата Ц во Пореч, додека Унгарците се сместени во Вараждин.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ждрепката Македонија ќе ја чека од третиот шешир каде што се уште: Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир. Репрезентации против кои нема да може да играме.
Македонија се уште има шанса да го игра натпреварувањето во најблиската Хрватска, но може тоа да биде и во Данска и Норвешка, ќе се знае по одредувањето на групите.