Дома Фудбал Италија Хрватска не успеа да ја симне Шпанија од тронот – „црвената фурија“ европски шампион!

Хрватска не успеа да ја симне Шпанија од тронот – „црвената фурија“ европски шампион!

Репрезентацијата на Шпанија ја одбрани европската круна откако во финалето ја победи селекцијата на Хрватска со конечни 22:20.

Хрватска подобро го отвори натпреварот и во еден момент имаше три гола предност (10:7). Меѓутоа „црвената фурија“ брзо се врати во игра и успеа да го израмни резултатот, а на одмор заминаа со предност од еден гол 12:11.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во второто полувреме Шпанија дојде и до четири гола предност (16:12), но Хрватска се врати и мечот влезе во неизвесна завршница. Во последните три минути резултатот беше израмнет, а Хрватска во последната минута имаше напад за израмнување. Меѓутоа, „коцкестите“ не успеаа да постигнат гол, па Шпанија со гол и конечни 22:20 стигна до победата.

Гомез со пет гола беше најефикасен во шпанската репрезентација, Македа постигна три. Кај Хрватите Дувњак исто така постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…