Вчера ги видовме првите два натпревари без голови на Мундијалот (Данска – Тунис и Мексико – Полска), а денес го добивме и третиот со најнепопуларниот резултат незгодниот Мароко остана непоразен против фаворизираната Хрватска.
Првата голема закана беше со удар од далечина на Иван Перишиќ. Пресече фудбалерот на Тотенхем едно лошо додавање и се обиде да го изненади Боно кој беше малку излезен од својот гол, ударот на Перишиќ заврши над голот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И Мароко имаше свои моменти, меѓутоа Хрватска ја имаше теренската инјицијатива. Најголемата шанса на натпреварот за Хрватска ја имаше Никола Власиќ кој по една одлична топка од петерецот шутираше во одличниот денес Боно.
На стартот на второто полувреме видовме една необична сцена во која Мароканецот, Амрабат доцнеше на почетокот на вториот дел, па дури и неговиот селектор влезе во соблекувалната да види што се случува. Амрабат се појави на теренот по неколку минути и вторите 45 минути можеа да започнат.
Интезитетот на Хрватска во вториот дел падна, Мароко доби повеќе простор за игра, но сепак резултатот не се промени. Проблем за Мароканците во следните натпревари може да биде повредата на Мазрауи кој мораше да биде заменет во 60. минута.