Дома Фудбал Останато Хрватска легенда не можеше да ги задржи солзите при говорот на Модриќ (ФОТО)

Хрватска легенда не можеше да ги задржи солзите при говорот на Модриќ (ФОТО)

Вечерва во Лондон ФИФА ги доделуваше наградите за најдобрите, а главната награда замина за играч на годината замина во рацете на Хрватот Лука Модриќ.

Ова за Модриќ беше веќе трета награда оваа година, после освојувањето на наградите за играч на Мундијалот и за најдобар фудбалер во Европа, па јасно е дека прв фаворит и за „Златната топка“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Откако Џани Инфантино го изговори името на Модриќ, Хрватот се качи на сцената за одржи говор.

Модриќ при обраќањето беше скромен и истакна дека оваа награда е награда и за неговите соиграчи од репрезентација и Реал Мадрид.

При говорот на Модриќ солзите не можеше да ги задржи и легендата на хрватскиот фудбал, Звонимир Бобан.

Ќе потсетиме, конкуренти на Модриќ за оваа награда му беа Мохамед Салах и Кристиано Роналдо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Земјотрес“ од Шпанија: Барселона се пушти во трка по важен фудбалер на Манчестер сити

Пред околу две и пол години Манчестер Сити го сруши рекордот за најскап дефанзивец во исто…