Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ блескаше на Светското првенство во Катар и за очекување е ова лето да направи трансфер.
Последните информации на мадритски „АС“ се дека Ливаковиќ ќе се пресели во Вилјареал, шпанскиот клуб веќе ја започна операцијата да го доведе во своите редови. Ливаковиќ вниманието на себе го сврте со одличните настапи на Светсткото првенство на голот на Хрватска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Виљареал наводно ќе треба да плати 14 милиони евра за услугите на чуварот на мрежата на „модрите“. Се поврзуваше Ливаковиќ со Виљареал и во текот на зимскиот преоден рок, но сепак тогаш се остана само на интерес без некоја конкретна понуда.
„Жолтата подморница“ во веќе го продаде Херонимо Рули во Ајакс, па сега остана ветеранот Пепе Реина и затоа е во потрага по долгорочно решение на голот.