Хрватските медиуми го слават Арјан Адеми после бодот на Динамо против Шахтјор во Украина.
Адеми одново ги освои Хрватите. Македонскиот фудбалер се повреди во натпреварот помеѓу Македонија и Словенија. Се врати во Загреб со оток на зглобот. Од самиот почеток тој беше оптимист и порача дека ќе направи се за да игра во Украина и тоа и се случи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Не стануваше збор за скршеница, но имаше истегување. Со цел Адеми да биде спремен одеше на две терапии дневно, тоа беше единствената надеж. На терпаија знаеше да биде и по седум часа дневно и се тоа за да биде спремен, пишуваат медиумите во Хрватска.
Првиот тренинг го одработи во неделата ,а два дена подоцна како капитен го предводеше Динамо до голем бод во Украина. Адеми е вистински лидер на овој тим во секоја смисла на зборот. Издржа на теренот 68 минути и секоја чест за тоа.
Новинарите после натпреварот го запрашаа Адеми дали жали што ја избрал Македонија, а не Хрватска.
„Не, воопшто. Македонија е мојата земја, моето семејство доаѓа од таму и за неа играм со многу љубов. Хрватска навистина ми даде многу, но тогаш јас не и требав, а не и требам и денес затоа што во репрезентацијата има осум одлични фудбалери за врска. Нема тука нешто нејасно и немам зошто да жалам“, изјави Адеми.