Дома Останати Кошарка НБА Хозе Алварадо беше ѕвездата на првата вечер од „ол-стар“ викендот 🎥

Хозе Алварадо беше ѕвездата на првата вечер од „ол-стар“ викендот 🎥

Фановите на најпопуларната кошаркарска лига во светот овој викенд имаат можност да уживеаат во традиционалниот ол-стар викенд. Програмата започна изминатата вечер со натпревар на дебитантите во НБА и играчите кои играат втора сезона.

Главна ѕвезда во овој натпревар беше плејмејкерот на Њу Орлеанс, Хозе Алварадо. Кошаркарите беа измешани и поделени во четири тима, а нивни тренери беа четири поранешни големи имиња. Во финалето победи тимот на Пол Гасол, против составот на Жоаким Ноа, тренери беа уште Дерон Вилијамс и Џејсон Тери.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Форматот во кој се играше беше полуфинале-финале, во мини натпревари „кој прв до 40“ во полуфиналето и „кој прв до 25“ во финалето.

Интересен беше моментот кога тимот на Гасол при водство со 22:20 тргна во напад, а Гозе Алварадо во разговор со Донован Мичел кој беше меѓу гледачите му кажа „сега ќе дадам кош за победа“. Иако не беше во идеална позиција, тој навистина успеа да погоди тројка и да донесе победа.

Станува збор за кошаркар роден во Њујорк, но ги следеше своите копрени и настапува за репрезентацијата на Порторико. На крајот токму тој го понесе признанието МВП на вечерта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Официјално: Гвардиола стави потпис

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда, Пеп Гвардиола стави …