Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вчера во Мадрид ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот во 2023 година.
Ова е петти пат како Ѓоковиќ ја добива наградата за најдобар спортист на годината, со што се изедначи со поранешниот швајцарски шампион Роџер Федерер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдобриот светски тенисер во овој момент претходно ја добиваше оваа награда во 2012, 2015, 2016 и 2019 година.
Во Мадрид се собраа многу спортски великани. Меѓу нив беше и еден од најголемите ривали во текот на кариерата, Рафаел Надал, со кого одигра дури 59 меча (30-29 за Ѓоковиќ) и кому како што изгледаше веројатно не му беше сседно што Ѓоковиќ и понатаму освојува престижни награди, а тој се мачи со повредите и формата во својата последна сезона во кариерата.
Реакцијата на Надал додека Ѓоковиќ држеше говор и ја примаше наградата предизвика големо внимание и коментари на социјалните мрежи…
This was Nadal's reaction when Novak Djokovic accepted his Laureus trophy.
— Danny 🐊 (@DjokovicFan_) April 22, 2024
Look how happy he is. pic.twitter.com/tkZ1mNeOPh
This sequence right after Novak got the award 😭☠️ pls someone check on Nadal 🚑 pic.twitter.com/kOS4g1lVec
— cestlaviemacher (@cestlaviemacher) April 22, 2024