Неверојатна ситуација се случи во Чешка на натпреварот од младинските тимови на Берун и Сланија.
Имено, помошникот судија на овој натпревар беше во алкохолизирана состојба и поради едвај стоеше на нозе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Видеото од судијата Милан Шефар брзо стана хит на друштвените мрежи и јавноста не може да верува дека во ваква состојба се појавил на натпреварот. Тој едвај стоеше, а секогаш кога ќе се обидеше да трча паѓаше на земја.
Публиката одлично се забавуваше и го следеше секој негов потег додека Шефар се обидуваше да одржи некаква рамнотежа.
На оваа тема се огласија и од Фудбалскиот сојуз на Чешка.
„Фудбалскиот сојуз на Чешка го осудува таквото однесување и го смета ова за неприфатливо, сигурно дека судијата ќе добие жестока казна за своето однесувањее“, стои во објавата на Фудбалскиот сојуз на Чешка.
Utkání dorostu mezi Berounem a Slaným… pic.twitter.com/IOJnAXsFaZ
— Sportovní Hlášky (@SportovniHlasky) September 22, 2019