
Искусниот германски тренер Јуп Хејнкес ја отфрли можноста да остане во Баерн по истекот на привремниот договор.
Хејнкес се врати во Баерн на почетокот на откомври наследувајќи го Карло Анчелоти. За кратко време тој го препороди минхенскио клуб, се вратија играта и резултатите, а многу навивачите изразија желба тој да остане во клубот и после завршувањето на сезоната.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Сепак тоа нема да се случи.
„Останување? Таа опција е целосно исклучена“, изјави 72 годишниот стручњак, додавајќи дека советување на управата е нешто што сака да го прави по завршувањето на тренерскиот ангажман.
Во Баерн следните неколку месеци ќе одлучат кој ќе седне на тренерското место по заминувањето на Хејнкес. Како можни кандидати се споменуваат, Јулијан Нагелсман, Томас Тухел, па дури Јирген Клоп и Јоаким Лев.