Дома Фудбал Останато Хејнкес открива: Ги одбив Челзи и ПСЖ

Хејнкес открива: Ги одбив Челзи и ПСЖ

Сегашниот тренер на Баерн Минхен открива интересни детали.

Јуп Хејнкес открива дека одбил понуди од ПСЖ и Челзи откако ја освоил титулата во Лигата на шампионите со Баерн Минхен во 2013 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во тие моменти Хенјкес ги одбил бидејќи сакал да се фокусира на пензијата.

Роман Абрамович бил директен.

„Сакаше да ме посети во мојот дом. Му кажав, не благодарам. Завршив“, открива Хејнкес.

Исто така покрај Абрамович тогаш новиот претседател на ПСЖ, Насер Ал Келаифи имал интересна понуда за Хејнкес.

„Сакаше да преговараме, да дојде во мојот дом со кувари кои би ни подготвувале ручек додека ние преговараме. Но ниту тоа не го прифатив“, открива Хејнкес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Судијата свирна крај, лекарите на Барселона влетаа на теренот, се случи тоа од кое Флик најмногу се плаши (Видео)

Барселона вчера доживеа тежок пораз на гостувањето кај Севиља (4:1) во мечот од осмото кол…