Денес во рамките од 9. коло во Премиер лигата во терминот од 13:30 часот се сретнаа Челзи и Норвич.
Од самиот почеток натпреварот одеше во една насока, а на крајот Челзи забележа победа од 7:0. Победата на „сините“ можеше да биде и поубедлива, но Тим Крул ги спречи играчите на Челзи да погодат од неколку добри ситуации.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Резултатот беше отворен после само осум минути игра, погоди Мејсон Маунт. После само десет минути Челзи веќе имаше 2:0. Продолжи Челзи и после водството да напаѓа, а во финишот од првиот дел Џејмс обезбеди 3:0. Тука веќе беше јасно каде ќе завршат бодовите од овој меч.
Чилвел ја продолжи својата одличната голгетерска серија и во 57 минута зголеми на 4:0. Само пет минути подоцна после едно нафрлување, Аронс го измами Крул си постигна автогол за „петарда“. Да биде работата полоша, Гибсон во 65. минута заработи втор жолт картон и исклучување.
Маунт во 85. минута од пенал го постигна вториот гол на натпреварот за 6:0, а во последните минути дојде и до хет-трик за конечни 7:0. Челзи со овој триумф дојде до 22 бода на врвот на табелата и сигурно ќе остане лидер и после ова коло.