Дома Топ вести Херојот Бејл најави заминување: Разочарам сум!

Херојот Бејл најави заминување: Разочарам сум!

Герет Бејл синоќа беше херој за Реал Мадрид во освојувањето на третата последователна титула во Лигата на шампиони.

Велшанецот мечот го започна од клупата за резерви, а во игра влезе во 60-та минута при резултат 1:1 и постигна два прекрасни гола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Бев разочаран што започнувам како резерва, но тоа беше одлуката на тренерот. Кога ќе влезам како замена, се обидувам да оставам впечаток, и мило ми е што го сторив тоа“, изјави Бејл по мечот.

„Имам потреба да играм секоја недела. Треба да размислам добро во следните неколку дена. Ќе разговарам со мојот агент и ќе донесам одлука за мојата иднина“, додаде Велшанецот.

„Да, тоа е најубавиот гол кој го постигнав во кариерата, и тоа уште во финалето на Лигата на шампионите. Не постои поголем пиедестал од овој. Но, на крајот, победата е најважна“, изјави Бејл за голот со ножички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …